Еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и зборува на свој јазик. Мајчиниот јазик е потврда за сопствениот идентитет,за припадноста кон едно парче земја,за долгот што го имаме кон нашите прадедовци. Навистина, колку јазици знаеш си побогат,но не по цена на сопствениот. Ниту еден туѓ јазик не може да го замени мајчиниот јазик. ,,Учи напред книга на свој јазик,после ако имаш време,учи и на други јазици.Тој што учит книга на туѓ јазик,а не на својот,тој е еднаков со оној што ја отфрлјат мајка си и на место неја земат друга“ (Партенија Зографски). Да се сочува родниот јазик и да се брани како светина значи да се остане верен на духот на своите прадедовци. Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е!
